ПРОНАШЛА ИЗГРИЗАНИ ДЕЛОВИ ОД ЧОВЕЧКО ТЕЛО Штипјанка верува дека останките се од мајка ѝ, која исчезнала во јули

Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител деловите од телото биле дадени на семејството.

583

Штипјанка вчера пронашла делови од човечко тело кои биле изгризани од диви животни и пријавила во полиција во СВР Штип. Според облеката на остатоците, жената претпоставува дека тие се од нејзината мајка, која исчезнала во јули.

„На 6.10.2024 во 08.12 часот, Б.К.(55) од Штип пријавила дека на место викано Суитлак во Штип пронашла делови од човечко тело, изгризани најверојатно од диви животни, а закои, според облеката на нив, претпоставува дека се на нејзината мајка Д.Р.(74) од Штип, која на 19.07.2024 била пријавена дека се оддалечила од домот“, соопшти полицијата.






Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител деловите од телото биле дадени на семејството.

Поврзани содржини