ПРОНАЈДОЦИ НА ТЕСЛА КОИ ГИ КОРИСТИМЕ СЕКОЈ ДЕН Големиот пронаоѓач ни го олесни животот
Многу од пронајдоците на Никола Тесла ги користиме секојдневно, а не сме ни свесни за тоа.
Никола Тесла е еден од најголемите пронаоѓачи на сите времиња, а неговиот сјај, како и во случајот со повеќето великани, е препознаен дури по неговата смрт. За себе тврдел дека не е пронаоѓач туку „откривач на нештата што постојат во природата околу нас“. Работел во областа на електротехниката и радиотехниката, па го измислил ротирачкото магнетно поле и повеќефазниот систем на наизменична струја. Сите го знаеме тоа, но има некои изуми за кои не сме ни свесни дека се негови.
Далечински управувач
Тесла беше првиот што ја демонстрираше употребата на далечински управувач во 1898 година кога далечински управуваше со брод во Медисон Сквер Гарден.
Роботи
Еден од првите роботи се смета дека е бродот на Тесла со далечински управувач. Тесла беше наречен „татко на роботиката“.
Електричен мотор
Никола Тесла го измислил индукцискиот мотор кој работи на принцип на ротирачко електромагнетно поле, а тој што денес се наоѓа во познатиот електричен автомобил на Тесла е негов директен „потомок“. Во 1975 година, Тесла е примен во Куќата на познатите пронаоѓачи за овој изум.
Радио
Пронајдокот на радиото од Тесла е тема за која многу се дебатирало на почетокот на 20 век. Имено, друг научник, италијанскиот инженер Гуљелмо Маркони, исто така тврдел дека е негов пронаоѓач.
Меѓутоа, за иновацијата на радиото, кое во 1901 година е првото кое успешно покажа пренос на радио сигнали преку Атлантскиот Океан, тој користел технологија патентирана од Тесла.
Оваа приказна го доби својот епилог во Врховниот суд на САД, кој во 1943 година заклучи дека Тесла е првиот што го измислил радиото.
Неонско осветлување
Како резултат на интензивно проучување на осцилациите и осцилаторите, Тесла го смислил методот на безжично осветлување, односно она што ќе стане флуоросцентни светилки многу години подоцна.
Внатрешноста на светилката е обложена со фосфор, кој свети без директен контакт со жицата. Тој ја разви оваа техника во 1890-тите со идеја да ги замени обичните светилки. Тесла ја измислил оваа техника половина век пред да стапат во употреба флуоросцентните светилки.