Пронајдено телото на момчето што се удави во Брегалница, октаните не мируваат дете прегазено од малолетник

Пронајден е жител на Никиштани кој беше пријавен за исчезнат.

549

МАЛОЛЕТНИК ПРЕГАЗИ МАЛОЛЕТНИК  – На 11.09.2020 во 19,40 часот било пријавено дека во с.Aрачиново-скопско патничко моторно возило „цитроен ц-2“ со скопски регистарски ознаки управувано од Р.Б.(19) од с.Арачиново удрило во малолетник. Во незгодата детето се здобило со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

СЕ УДАВИ МОМЧЕ ВО ВОДИТЕ НА БРЕГАЛНИЦА – На 11.09.2020 во 16,13 часот било пријавено дека кај мост во с.Истибања – Виница, во водите на реката Брегалница влегол 14- годишен малолетник кој бил со уште неколку други малолетници, за да се капат, но набргу се удавил. На местото на настанот увид направила полициска екипа Полицската станица Виница и екипа од Територијалната противпожарна единица и по извршеното пребарување, околу 21,30 часот било пронајдено телото на детето, а од страна на лекар била констатирана смрт. По насоки од Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.






СТАСАЛ КАКО  ДЕПОРТИРАН, АМА Е ПРИВЕДЕН БИДЕЈЌИ СЕ БАРАЛ СО ПОТЕРНИЦА  – На 11.09.2020 во 20,30 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје во Република Северна Македонија како депортирано лице допатувал Џ.А.(34) од Скопје. По извршените пасошки и оперативни проверки утврдено било дека евидирал со мерка „апси“, по наредба од Основен Суд Скопје-1. Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници за спровод во КПУ-Затвор Идризово.

ПЕРОНАЈДЕН ИСЧЕЗНАТ ЖИТЕЛ НА НИКИШТАНИ – На 11.09.2020 во 14,00 часот на улица Aцо Шопов од полициски службеници од СВР Скопје бил пронајден Н.А.(22) од с.Никиштани-скопско кој истиот ден беше пријавен дека се оддалечил од домот.

УШТЕ ЕДЕН ПОВРЕДЕН ВО СООБРАЌАЈКА  – На 11.09.2020 во 17,58 часот било пријавено дека на регионалниот пат кај место викано ,,ливатски пат“, атар на с.Тркање, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило ,,фиат“ со кочански регистарски ознаки управувано од Д.Г.(32) од с.Спанчево и товарно моторно возило ,,фиат“ со кочански регистарски ознаки управувано од Н.С.(26) од с.Спанчево. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во патничкото возило З.С.(39) констатирани во ЈЗУ-Кочани. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

Поврзани содржини