ПРОНАЈДЕНО ТЕЛОТО НА ДАВЕНИКОТ Покојникот е извлечен од Дојранското Езеро и предаден на обдукција

Од СВР Струмица потврдија дека телото е извлечено и е предадено на обдукција.

383

Денеска во раните утрински часови тим од тројца пожарникари од Територијална противпожарна единица (ТППЕ) Струмица го извлече телото на 43-годишниот Д.М. кој вчера се удави во водите на Дојранското Езеро.

И од СВР Струмица потврдија дека телото е извлечено и е предадено на обдукција.






Инаку, МВР соопшти дека вчера во 10.10 часот во СВР Струмица било пријавено дека во Дојран машко лице од чамец скокнало во езерото, пливало неколку метри, по што
се удавило.

ПЛИВАЛ НЕКОЛКУ МЕТРИ, ПА ГО СНЕМАЛО Маж се удави во Дојранско Езеро, повикани нуркачки екипи да го пронајдат

 

Поврзани содржини