Пронајдено телото на 16-годишникот кој исчезна во Преспанско Езеро

Според информации, нуркачите утрово значително го прошириле периметарот на пребарување по што телото било лоцирано во водите на езерото. Следен чекор ќе биде извлекување на телото по што ќе може да продолжи истрагата.

1,879

Специјалните нуркачки сили попладнево успеале да го лоцираат телото на малолетникот кој на Илинден се удави во водите на Преспанското Езеро, објави „Сител“.

Според информации, нуркачите утрово значително го прошириле периметарот на пребарување по што телото било лоцирано во водите на езерото. Следен чекор ќе биде извлекување на телото по што ќе може да продолжи истрагата.






Жртвата е 16-годишниот И.М. од Ресенско, кој завчера исчезна во водите на езерото. Несреќата се случила на 400 метри оддалеченост од брегот, каде водата достигнува длабочина од неколку метри. И.М. заедно со две другарчиња биле на педалинка, која од непознати причини се превртела. Двајцата млади капачи со пливање излегле на површина, но не и И.М.

До овој момент од МВР се уште нема официјална потврда на оваа инфорамација.

Поврзани содржини