ПРОНАЈДЕНО ПОЧИНАТО ЛИЦЕ НА КЛУПА ВО АЕРОДРОМ Се работи за 44-годишник од Пробиштип

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција

615

На клупа пред зграда на подрачјето на Аеродром вчера е пронајден мртов 44-годишник од Пробиштип со престој во Скопје.

„На 21.07.2024 во 13.34 часот во СВР Скопје било пријавено дека на клупа пред зграда на подрачјето на општина Аеродром бил пронајден починат Т.М.(44) од Пробиштип, со престој во Скопје.






Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција“ – стои во известивањето од МВР.

 

Поврзани содржини