ПРОНАЈДЕНО МРТВО ИСЧЕЗНАТОТО СРПСКО СЕМЕЈСТВО Дали биле живи запалени?

2,235

 

Од утрово, кога беше пронајден нивниот запален автомобил, роднините на семејството, но и цела Србија, чекаа информација од властите да дознаат што се случило со тројцата членови на семејството: брачната двојка Горан (57) и Гордана (56) и нивната 25-годишна ќерка Лидија, пишува српски Блиц.

Неофицијално, нивните тела биле запалени, а засега никој не зборува за мотивот и за сторителите на грозоморниот чин.

На семејството од Алексинац му се губи секаква трага доцна вечерта во неделата, а тројцата последен пат биле видени во неделата попладне во Алексинац како се возат во нивниот автомобил „пасат“.

Од понеделникот е алармирана полицијата и сите останати надлежни служби по што започнува и потрагата по нив. Беше утврдено дека телефоните на сите тројца им биле исклучени во иста секунда.

 

 

Поврзани содржини