ПРОНАЈДЕНО И ТЕЛОТО НА ТРЕТОТО ДЕТЕ КОЕ СЕ УДАВИ ВО РЕКАТА БОЈАНА Полицијата од Скадар трага по трупот на мајката

Штотуку ја добивме веста дека е пронајдено и третото дете и ние се надеваме дека „наскоро ќе ја најдеме последната жртва на трагедијата. Ќе останеме овде додека не ги најдеме мајките на децата, рече градоначалничката на Скадар, Мајлинда Ангони.

2,564

Телото на четиригодишното момче кое се удави во Бојана заедно со мајка му и сестрите е пронајдено во вторникот по тридневна потрага, објавија српските медиуми.

Полицијата го пронашла телото на момчето во Бојана кај селото Облике, на неколку километри од местото каде што во понеделникот беше пронајдено телото на неговата осумгодишна сестра. Телото на другата сестра беше случајно пронајдено претходно во саботата, од локален рибар.






Потрагата по телото на мајката продолжува.

Веста дека е пронајден трупот на момчето ја потврди градоначалничката на Скадар, Мајлинда Ангони.

– Сакам да им се заблагодарам на сите кои учествуваат во акцијата и помагаат што побрзо да се пронајдат жртвите. Сакам да им се заблагодарам и на селаните кои доброволно се пријавија да помогнат. Штотуку ја добивме веста дека е пронајдено и третото дете и ние се надеваме дека „наскоро ќе ја најдеме последната жртва на трагедијата. Ќе останеме овде додека не ги најдеме мајките на децата – рече Ангони.

Алма Арази во четвртокот вечерта скокна од стариот мост во Скадар со своите три деца во реката Бојана.

Се шпекулира дека Алма наводно видела слики од љубовницата на сопругот на неговиот телефон пред да исчезне.

Ергис Арази, сопругот и таткото на деца, беше уапсен во неделата под сомнение дека го предизвикал самоубиството на неговото семејство.

 

МАЈКА СО ТРИТЕ ДЕЦА СЕ ФРЛИ ВО РЕКАТА БОЈАНА Трагедија во Скадар

 

Поврзани содржини