ПРОНАЈДЕНО Е ЧОВЕЧКО ТЕЛО ВО ВАРДАР Граѓани го забележале давеникот и пријавиле на 112

По дојавата од граѓани на 112 во ЦУК и координација на ЦУК со МВР и со Брза помош, попладнево е пронајдено лице, кое е најверојатно тоа коешто си го одзеде животот вчера, фрлајќи се од мостот „Близнак” на булевар „Србија” во Вардар.

532

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека по дојава на граѓани попланево е пронајдено лицето, за кое се претпоставува дека вчера се фрли во Вардар.

– По дојавата од граѓани на 112 во ЦУК и координација на ЦУК со МВР и со Брза помош, попладнево е пронајдено лице, кое е најверојатно тоа коешто си го одзеде животот вчера, фрлајќи се од мостот „Близнак” на булевар „Србија” во Вардар. Удавениот човек е лоциран на околу два километра низводно од истоимениот мост. Телото на давеникот е извлечено од тимот на МВР и понатаму ќе се постапува согласно процедурите за вакви случаи и дополнително ќе следи идентификација и потврда на случајот. За дополнителни информации или детали ќе ве известиме согласно добиените информации – информираат од ЦУК.

Поврзани содржини