ПРОНАЈДЕНО ДЕТЕТО ОД СКОПЈЕ Мајката пријавила дека се оддалечило од домот, полицијата го нашла

8-годишното дете е најдено во добра здравствена сосотојба и ќе биде предадено на родителот.

471

Полицијата го пронашла 8-годишното дете за кое денеска неговата мајка пријавила дека се оддалечил од домот. Детето е пронајдено во добра здравствена состојба.

„Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.






Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презедоа сите неопходни мерки и активности и детето е пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот“ – стои во известувањето од МВР.
Поврзани содржини