Малолетници пронашле безживотно тело кај езерото Треска

462

Малолетни лица во текот на вчерашниот ден околу 14:45 часот во полициска станица во Сарај пријавиле дека пронашле безживотно тело.

Телото било пронајдено во СРЦ Езеро Треска, во близина на напуштени тоалет кабини, а по утврдување на идентитетот било констатирано дека станува збор за Ф.Ј.(46) од село Никиштани.






Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за погреб.

Поврзани содржини