ПРОНАЈДЕНО БЕЗЖИВОТНО ТЕЛО ВО ОХРИД Се работи за 57-годишен маж исчезнат од дома
Пронајденото тело на 57-годишен маж од Охрид два дена по пријавата за исчезнување ќе биде подложено на обдукција за утврдување на причините за смртта.
Во поранешни оранжерии на улицата 1 Македонска ударна бригада во Охрид, на 6 декември во 16:20 часот беше пронајдено машко безживотно тело. По преземените истражни мерки, утврдено е дека станува збор за З.Т. (57) од Охрид, кој на 4 декември беше пријавен како исчезнат во СВР Охрид.
Телото е пронајдено два дена по пријавата за исчезнување, а по наредба на јавен обвинител денеска ќе биде извршена обдукција со цел да се утврдат точните причини за смртта. Полицијата продолжува со собирање информации за околностите во кои настанала трагедијата.