📽️ ПРОНАЈДЕНИ ТЕЛАТА НА МАЈКЛ ЛИНЧ И НЕГОВАТА ЌЕРКА ХАНА Нуркачите сѐ уште трагаат по четири тела по потонување на јахтата во Сицилија
Сега како исчезнати се водат претседателот на „Morgan Stanley International“ Џонатан Блумер, неговата сопруга Џуди Блумер, адвокатот Крис Морвило и неговата сопруга Неда Морвило.
Двете тела што нуркачите ги извлекоа од потоната јахта на брегот на Сицилија претходно денеска се телата на Мајк Линч и неговата ќерка Хана.
Потрагата по шестмината исчезнати сега е трет ден, откако јахтата потона во понеделникот рано наутро поради ненадејно торнадо, пишува Дејли Меил.
Инаку, сѐ уште трагаат по четири лица, од вкупно 22 кои биле на јахтата во моментот на бродската несреќа. Според извештаите на италијанска „Република“, во внатрешноста на бродот, зад два душека биле пронајдени две тела.
Покрај технолошкиот претприемач Мајк Линч, кој е познат како „Британецот Бил Гејтс“, неговата 18-годишна ќерка Хана Линч, чии тела денеска беа пронајдени, сега како исчезнати се водат претседателот на „Morgan Stanley International“ Џонатан Блумер, неговата сопруга Џуди Блумер, адвокатот Крис Морвило и неговата сопруга Неда Морвило.
Телото на готвачот на јахтата, Рекалдо Томас, било пронајдено набргу по потонувањето на бродот.
Малку подоцна беше потврдено дека се пронајдени уште две тела, со што вкупниот број на потврдени жртви се искачи на пет.
The efforts of the Italian 🇮🇹 rescue teams have been truly immense as they search for those missing from the Bayesian near Palermo
Sadly, hope is slim for:
Mike Lynch and his daughter
Jonathan Bloomer and his wife
Chris Morvillo and his wife
❤️🙏pic.twitter.com/Ay1tGHH860— Mambo Italiano (@mamboitaliano__) August 20, 2024
Претходно денеска бројни светски медиуми, објавија дека британскиот тајкун Мајк Линч, познат и како „Британецот Бил Гејтс“, имал бизнис и со британските и со американските безбедносни агенции.
Исчезнувањето на британскиот технолошки тајкун Мајк Линч во бурните мориња кај брегот на Сицилија стана уште почудно кога неговиот деловен партнер Стивен Чембрлен загина во сообраќајна несреќа два дена претходно, пишува Политико.