Пронајдени се живите потомци на Леонардо Да Винчи, ги има дури 14
Истражувачите ги собирале податоците од историските документи од јавните и приватните архиви и директни извештаи од потомци на семејството на Да Винчи.
Долгогодишното истражување за наводните остатоци од Леонардо Да Винчи открило дека 14 живи луѓе можат да тврдат дека се потомци на ренесансниот гениј и сликар на „Мона Лиза“, а истите се на возраст до 85 години.
Истражувањето е дел од ДНК-проектот на Леонардо Да Винчи, чија цел е да потврди дека остатоците кои ги имаат се сметаат за негови и подобро да се разберат неговите извонредни таленти и визуелната острина.
Истражувачите кои стојат зад оваа студија напишале дека овие резултати со нетрпение чекале од историска гледна точка, затоа што ќе им помогнат на академците научно да ги истражат корените на својот гениј, да пронајдат информации за неговата физичка сила и можеби за неговото предвремено стареење, здравје и можните наследни болести. А покрај тоа, да се објаснат некои необични перцепции, како што е неговиот извонреден визуелен квалитет и синестезија.
Истражувачите ги собирале податоците од историските документи од јавните и приватните архиви и директни извештаи од потомци на семејството на Да Винчи.
Иако студијата пружила малку податоци за живите потомци за да ја заштитат нивната приватност, Агнес Сабато и Александро Весоси кои се истражувачи на овој проект, за Си-Ен-Ен изјавиле дека луѓето се на возраст од 1 и 85 години.
– Има многу мали деца и пензионери кои претходно вршеле разни активности: вработени во јавни и приватни компании, геодети и трговци – велат истражувачите.
Бидејќи не е познато дека Леонардо имал деца, Сабато и Везоси ги насочиле своите истражувања врз таткото на уметникот и неговите потомци, идентификувајќи го она што го истражувале како „до сега непознати гранки на лозата“. Тие прегледале илјадници необјавени документи и ги довеле во прашање доказите кои биле познати, но неразбирливи.
-Нашето првобитно прашање беше: Дали е можно да нема биолошки наследници од потомците на многубројните синови на Сер Пјер, таткото на Леонардо? Секогаш се обидувавме да ја истражиме приказната за човекот, како и уметникот Леонардо, за да ги сфатиме причините за неговата генијалност. Сега, со помош на науката, се надеваме дека ќе можеме да добиеме некои значајни одговори – додаваат истражувачите.
Леонардо бил роден во 1452 година, а е познат по сликите „Мона Лиза“ и „Тајната вечера“. Тој исто така го посветил своето време на науката, математика, архитектура, дизајн, инженерство, геологија, картографија, скулптурирање и цртање.
Неговите уметнички дела и понатаму ги мамат колекционерите да исплаќаат големи суми на пари. Минатата година, онлајн потрошувач платил 98.000 милиони долари за да присуствува на годишниот преглед на „Мона Лиза“, кога во музејот Лувр се вади сликата од рамка за проверка.