ПРОНАЈДЕНИ СЕ ПРВИТЕ ЦРНИ КУТИИ ВО ВАШИНГТОН Ќе се вештачат снимки од диктафон за смртоносната несреќа

Првиот извештај за сударот на патнички авион и воен хеликоптер на аеродромот Реган во Вашингтон се очекува во рок од 30 дена.

362

Пронајдени се првите црни кутии во најсмртоносната американска воздушна несреќа во повеќе од 20 години. Инспекторите пронашле диктафон од пилотска кабина и снимач на податоци за летот од  урнатиот патнички авион „Бомбардер“ ЦРЈ700, јавува Би-Би-Си.

Првиот извештај за сударот на патнички авион и воен хеликоптер на аеродромот Реган во Вашингтон се очекува во рок од 30 дена.






Тод Инман од Националниот одбор за безбедност на транспортот (НТСБ) изјави дека воениот хеликоптер е опремен со „некоја форма на уред за снимање“ и дека податоците ќе ги читаат тие или Министерството за одбрана.

Тој рече дека НТСБ и одделот имаат договори за споделување податоци за тие уреди за снимање.

Во несреќата загинаа 67 патници, од кои 60 патници на авионот на „Американ ерлајнс“, четворица членови на екипажот и 3 членови на екипажот на воениот хеликоптер „Блек хок“.

„Њујорк Тајмс“ и повеќе американски медиуми вчера објавија дека контролната кула не била доволно екипирана во моментот на несреќата и дека еден контролор ја вршел работата за двајца и ги координирал и авионите и хеликоптерите.

ИСТ КОНТРОЛОР ИМ ДАВАЛ ИНСТРУКЦИИ И НА АВИОНОТ И НА ХЕЛИКОПТЕРОТ? Истрагата за судирот во Вашингтон допрва се отплеткува

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп вчера им рече на новинарите дека не знае што довело до судирот, но рече дека има некои „многу силни мислења и идеи“.

Би-Би-Си пишува и дека само 24 часа пред смртоносниот судир во воздух над Потомак, друг авион на „Републикан Ервејс“ морал да го прекине слетувањето на националниот аеродром Реган откако хеликоптер се приближил до патеката на летот, според аудиото од контролата на летање.

Потрагата по телата во моментот е прекината бидејќи водата е многу студена за нуркачите.

 

Поврзани содржини