ПРОНАЈДЕНИ ОСТАТОЦИТЕ ОД ТЕЛОТО НА ИНФЛУЕНСЕРКАТА Нејзиниот свршеник одбива да зборува со испекторите (ВИДЕО)

2,311

Остатоците од телото пронајдени од полицијата во националниот парк во Вајоминг одговараат на исчезнатата 22-годишна Габи Петито, но сѐ уште не е извршена официјална идентификација, изјави претставникот на ФБИ, Чарлс Џонс.

Петито не е видена откако нејзиниот свршеник, Брајан Ландри, на 1 септември без неа се вратил дома од неколкумесечното патување.






Петито и Ландри го напуштиле Њујорк во јуни, се упатиле кон запад со бело комбе и планирале да ги посетат националните паркови и да го документираат патувањето на социјалните медиуми.

Петито ја објавила својата последна фотографија на 25 август. Нејзиното семејство верува дека таа се упатила кон националниот парк Гранд Тетон во Вајоминг.

Лаундри, кој живеел со Петито во Норт Порт на западниот брег на Флорида, одбил да разговара со инспекторите.

Неговото семејство во петокот изјавило во полиција дека не го виделе три дена. Полициските службеници од Флорида и агентите на ФБИ го поминале викендот чешлајќи ја блиската пошумена област.

Габи и Брајан биле во врска две и пол години и се свршиле минатото лето. Според најновиот извештај од полицијата во Јута, исчезнатиот јутјуберка и нејзиниот свршеник се расправале и се тепале. Тоа се случило на 12 август во градот Моаб во американската сојузна држава Јута. Полицијата го нарекла инцидентот „нервен слом на полето на менталнотото здравје“, но не и ситуација којашто тие би ја оквалификувале како насилство во интимно-партнерските односи, па ги разделиле само една ноќ. Двојката се согласила на тоа.

Откако Габи исчезнала, многумина сега поинаку ја толкуваат пораката на Ландри до неа којашто тој лани ја објавил на Инстаграм. Тој го напишал следново:

– Мојот најголем страв е дека еден ден ќе се разбудам и сето тоа ќе биде само сон, затоа што така се чувствувам секоја секунда од моментот кога се запознавме – напишал Брајан Ландри за својата девојка Габи Петито во јули минатата година.

А, потоа додал „додека смртта не нѐ раздели или не се разбудам“.

„Пресреќен сум што одговорот беше да. Те сакам!“

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gabby (@gabspetito)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини