Пронајдени 59 тајно закопани тела во Мексико

Најмалку десет тела се женски, а повеќето од остатоците им припаѓаат на многу млади луѓе, дури и тинејџери - изјави Карла Квинтана, директор на мексиканската Национална истражна комисија.

324

Остатоци од 59 човечки тела се откриени во масовни гробници во мексиканската држава Гуанахуато, каде е регистрирана висока стапка на убиства по војната меѓу нарко-бандите.

– Најмалку десет тела се женски, а повеќето од остатоците им припаѓаат на многу млади луѓе, дури и тинејџери – изјави Карла Квинтана, директор на мексиканската Национална истражна комисија.






Таа нагласи дека надлежните ги информирале семејствата на исчезнатите лица, кои трагаат по роднините, додавајќи дека истрагата ќе продолжи се додека не се утврдат околностите.

Од јануари до август оваа година во Гуанахуато се извршени 2.250 убиства, што е 25 отсто повеќе отколку во истиот период во 2019 година.

Поврзани содржини