ПРОНАЈДЕНИ 147 ПИШТОЛИ КАЈ 7 ТУРЦИ И 6 ТУРЧИНКИ Во Грција уапсени 13 турски државјани
Процените на полицијата се дека пронајдените пиштоли требало да стигнат до турската банда „Далтонс“.
Седум мажи и шест жени, сите турски државјани, кај кои биле пронајдени 147 пиштоли и голем број шаржери се уапсени кај Еврос во североисточна Грција, откако преку реката нелегално влегле во земјата, објавија грчките медиуми.
Грчката новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на полициски извори пишува дека полицајците од Секторот за борба против организиран криминал на северна Грција имале информации за нелегалниот влез во Грција на турските државјани, а оружјето било пронајдено при проверка на нивниот багаж.
Според весникот „Катимерини“ процените на полицијата се дека пронајдените пиштоли требало да стигнат до турската банда „Далтонс“.