ПРОНАЈДЕНА ПРВАТА ПЛАНЕТА НАДВОР ОД ГАЛАКСИЈАТА Голема е колку Сатурн, ротира околу бинарна ѕвезда

Голема среќа имале научниците кои со Х-зраци пробувале да ја пронајдат планетата. Тоа обично успева за планети во нашиот Млечен Пат, но за толку оддалечени галаксии веројатно е дека секогаш пред телескопот ќе се истопорат и ред други објекти, па нема да знаете што е што. Тоа е заради големото растојание. Освен, можеби, ако рендгенскиот зрак е доволно мал.

1,185

Планета голема колку Сатурн орбитира околу бинарна ѕвезда во сончев систем кој не е од оваа галаксија – туку припаѓа на Месие 51 која од нас е оддалечена неверојатни 28 милиони светлосни години. Ненадејното откритие доаѓа по 5.000 егзопланети кои се откриени во нашиот Млечен Пат, но ова е доказ дека планети постојат секаде, а во целата работа помогнале Х-зраците, пишува Би-Би-Си.

Х-зраците кои помагаат да се прават рендгенски снимки можат да им послужат и на големите телескопи. На пример, телескопот Чандра на НАСА, преку кој било забележана светлина која беше блокирана од планетата која помина пред бинарната ѕвезда. Според процените на астрономите, планетата е со големина слична на Сатурн, иако орбитира на двојно поголемо растојание од својата ѕвезда.






„Методот што го развивме и го применивме е единствениот моментално имплементиран метод за откривање на планетарни системи во други галаксии“, изјави д-р Ди Стефано, од Центарот за астрофизика Харвард-Смитсонијан во Кембриџ, САД, за Би-Би-Си. „Тоа е уникатен метод, уникатно добро приспособен за пронаоѓање планети околу бинарните делови на Х-зраци на кое било растојание од кое можеме да измериме светлосна крива“.

фото: Јутјуб/принтскрин

Што е бинарна, а што неутронска ѕвезда?

Бинарна ѕвезда или бинар е всушност систем од две ѕвезди кои орбитираат една околу друга. Најчесто едната од нив може да биде неутронска ѕвезда или можеби црна дупка и да влече гас од придружната ѕвезда. Тоа што е интересно е дека нашиот бинар во случајот оддава Х-зраци, што го прави посебен тип.

А, што е неутронска ѕвезда? Toa e она што се добива по експлозија на поголема супернова ѕвезда која потоа се намалува до радиус од само 10 км, се лади но ја задржува гравитацијата и е тешка колку едно ипол наше Сонце и можно е да се претвори во црна дупка во иднина.

Неутронските ѕвезди се најмалите познати ѕвезди, а името го добиле по неутроните од кои се составени. Тие најчесто зрачат цели снопови Х-зраци кои можат да се видат со телескоп, буквално како светилник кој ротира, па некогаш ги викаат и пулсари – пулсирачки магнетизирани ѕвезди.

Значи, мала неутронска ѕвезда со пречник од 20 км ротира околу ѕвезда која, во случајов е 20 пати поголема од нашето Сонце. А, околу нив ротира нашата планета голема колку Сатурн.

 

Научниците имале среќа, X-зракот бил доволно мал

Голема среќа имале научниците кои со Х-зраци пробувале да ја пронајдат планетата. Тоа обично успева за планети во нашиот Млечен Пат, но за толку оддалечени галаксии веројатно е дека секогаш пред телескопот ќе се истопорат и ред други објекти, па нема да знаете што е што. Тоа е заради големото растојание. Освен, можеби, ако рендгенскиот зрак е доволно мал.

Така и се случило. Д-р Розана Ди Стефано и нејзините колеги барале падови во осветленоста на рендгенските зраци што ги испуштала бинарната ѕвезда. Имале среќа. Регионот што произведува светли рендгенски зраци во случајот бил доволно мал, па планетата која би поминала пред него би го засенила целиот.

Цели три часа планетата поминувала пред ѕвездата, а во тој период воопшто не можеле да се отчитаат Х-зраци бидејќи биле блокирани. Бинго.

За 70 години пак ќе ја видиме планетата, ако е планета

За жал, нема да можеме да потврдиме дали планетата која поминала пред бинарната ѕвезда е планета или нешто друго, а следен пат кога таа ќе дојде на иста позиција ќе биде за околу 70 години, признаваат научниците.

А што би било ако не планета? Можеби е голем облак од гас и прашина кои минале пред ѕвездата. Прашината и гасовите неретко бидуваат повлечени од гравитацијата на разни ѕвезди и ова не е новост во астрономијата.

Еден предизвик е што големата орбита на планетата кандидат значи дека таа нема повторно да премине пред својот бинарен партнер околу 70 години, поништувајќи ги сите обиди за следење на набљудување во блиска иднина.

Едно друго можно објаснување што астрономите го разгледаа е дека затемнувањето е предизвикано од облак од гас и прашина што минува пред изворот на Х-зраци.

фото: pixabay.com

Х-зраците ќе останат единствен метод за откривање планети

Д-р Ди Стефано рече дека новата генерација на оптички и инфрацрвени телескопи нема да можат да ги компензираат проблемите со натрупување и затемнување, така што набљудувањата на брановите должини на Х-зраците најверојатно ќе останат примарен метод за откривање планети во други галаксии.

– Знаеме дека правиме возбудливо и смело тврдење, така што очекуваме дека другите астрономи ќе го разгледаат многу внимателно“ -рече коавторката Џулија Бернсон од Универзитетот Принстон, Њу Џерси.

Сепак, таа призна дека и методот познат како микролеќи може исто така да биде ветувачки за идните потраги по екстра-галактички планети.

Поврзани содржини