ПРОНАЈДЕНА МРТВА ЖЕНА ВО КОЧАНСКО Синот осомничен за нејзино убиство

При преглед на телото на починатата лекар од Итна медицинска помош од Кочани забележал траги на насилство.

363

Истражните полициски служби од Одделението за внатрешни работи од Кочани работат на расчистување на случај со почината 74-годишна жена, а за што постојат сомневања дека е последица на семејно насилство.

Неподвижното тело на жената го нашла роднина која живее во близина на семејниот дом на починатата, по што ја известила полицијата.






„На 23. ноември, околу 09:30 часот било пријавено дека во својот дом во селото Бели, во кој живеела со 53 годишниот син М.Р., била пронајдена почината В.Р. Подоцна, при преглед на телото на починатата, лекар од Итна медицинска помош од Кочани забележал траги на насилство. Во координација со јавен обвинител телото било дадено на обдукција, се вели во известувањето од Полицијата.

Синот на почината бил уапсен, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Поврзани содржини