📷 ПРОНАЈДЕНА МИСТЕРИОЗНА ПОРАКА Од убиецот од Мејн нема ни трага ни глас
При претрес во домот на Роберт Кард кој уби 18 и рани 13 лица во масакрот во Левистон, била пронајдена порака, инспекторите сè уште се обидуваат да го утврдат значењето на пораката и како таа потенцијално би можела да помогне во истрагата и во потрагата по убиецот.
Продолжува потрагата по напаѓачот кој уби најмалку 18 и рани 13 лица во масовно пукање што се случи во куглана и бар во градот Левистон во американската сојузна држава Мејн. Ова е најсмртоносното масовно пукање во САД оваа година.
Канцеларијата на локалниот шериф објави две фотографии од осомничениот на Фејсбук, велејќи дека тој е во бегство. Се бара помош од јавноста за да се идентификува осомничениот на сликата, брадест маж во кошула со долги ракави и фармерки кој држи пушка. Во моментов околу 350 полицајци трагаат по убиецот.
Роберт Кард, осомничениот за масакрот, е обучен инструктор за огнено оружје и армиски резервист. Поранешните колеги го опишуваат како одличен стрелец. Пушката со која е извршен масакрот е легално купена.
Вчера при претрес во домот на Роберт Кард била пронајдена порака, објави NBC. Инспекторите сè уште се обидуваат да го утврдат значењето на пораката и како таа потенцијално би можела да помогне во истрагата и во потрагата по убиецот. Тие не открија повеќе детали за белешката.
Семејството на Роберт Кардо изјави дека тој неодамна почнал да тврди дека слуша гласови во кугланата и барот, односно дека луѓето од тие места зборуваат за него. За нападот се огласи и американскиот претседател Џо Бајден, кој повика на забрана за јуришно оружје.
Полицијата се соочува со голем предизвик во разрешувањето на овој случај, а неколку фактори значително им ја отежнуваат потрагата по убиецот кој е во бекство.
Полицајците се упатија кон јужниот дел на Мејн за да го бараат Роберт Кард, но искуството на убиецот може да ја направи потрагата предизвикувачка и опасна, посочуваат аналитичарите.
-Ова е личност која има воена обука. Тој има високо ниво на знаење за огненото оружје, но има и знаење за воените тактики, посебно за избегнување и стратегија како да остане неоткриен. Сето ова е предизвик – рече за Си-Ен-Ен аналитичарот Џонатан Вокроу.
Кард е сертифициран инструктор за огнено оружје, потврдија полицајците. Информациите дадени од војската покажуваат дека Кард е специјалист за снабдување со нафта. Според Клифорд Стивс, поранешен колега на Кард во резервната армиска единица, 40-годишниот бегалец никогаш не бил во вистинска борба.
-Меѓутоа, тој поминал опсежна обука, вклучително и обука за огнено оружје- истакнува Клифорд Стивс, додавајќи дека Кард бил меѓу најдобрите стрелци во нивната единица.
Проблем е и тоа што осомничениот е запознаен со просторот каде што се врши претресот. Голем дел од потрагата се одвива во шумска област, а Кард може да се чувствува удобно на отворено затоа што живее во Мејн, смета Роб Д’Амико, пензиониран агент на ФБИ.
-Би рекол дека живеејќи во Мејн, тој има повеќе искуство на отворено отколку што повеќето луѓе го добиваат во кампот за обука – рече Д’Амико.
Неколку аналитичари, исто така, посочија на, како тоа што велат дека е доказ за внимателно планирање на масакрот од страна на осомничениот. Пример за тоа е локацијата каде што е пронајдено неговото бело Субару – во пристаништето Пепјпскот во областа Лисабон, на околу 13 километри југоисточно од Левистон каде што го изврши масовното убиство. Инспекторите не можат да бидат сигурни дека тој не избегал со чамец или со брод.