ПРОНАЈДЕНА Е ПАПАГАЛКАТА ЗА КОЈА СЕ НУДЕА 2.500 ЕВРА! Шер е малку измрцварена, но сопствениците се пресреќни

Сопственичката раскажа дека папагалот го нашла некоја жена, но друг човек се пријавил дека е негов. Кога дошол да ја земе, Шер бегала од него и така сфатиле дека не е негова.

1,858

Семејството, кое нудеше 2.500 евра за тој што ќе го пронајде нивната изгубена женка папагал Шер, од видот Ара, објави вечерва на Фејсбук дека Шер е пронајдена.

Сопственичката раскажа дека папагалот го нашла некоја жена, но друг човек се пријавил дека е негова. Кога дошол да ја земе, Шер бегала од него и така сфатиле дека не е негова.






Потоа жената прочитала дека семејството уште го бара папагалот и се јавила.

„Шер веднаш ме препозна, врескаше и ме фати за рамо и не ме пушти цела вечер. И покрај се, делумно го наградивме човекот кој конечно ни ја подари, за тоа што во тоа време беше жива. Веднаш отидовме кај жената и нејзината ќерка да и се заблагодариме. Таа раскажа како се случи сето тоа, Шер седеше на моето рамо и сите видоа колку е мирна.

Дома Шер веднаш се смести, ја јадеше омилената храна, играше и се бакнуваше! Сè уште сака да биде постојано со мене, а, за жал, видовме дека и се отсечени крилјата од двете страни… Сега уште некое време нема да може да лета како порано. Но, се ќе биде добро!!!“ – напиша на својот профил сопственичката Марина.

„Благодарност на медиумите кои навистина вчера направија цела Македонија да се обедини и да ја бара Шер. Посебна благодарност до жената која конечно се јави и помогнa“ – се вели во објавата.

📷 СЕМЕЈСТВО ОД СКОПЈЕ НУДИ НАГРАДА ОД 2.500 ЕВРА ЗА ТОЈ ШТО ЌЕ ЈА НАЈДЕ ШЕР Последен пат папагалот е виден во Волково

Поврзани содржини