ПРОНАЈДЕНА 54-ГОДИШНАТА СКОПЈАНКА ШТО СЕ ЗАГУБИ НА КИТКА Куче-трагач им помагало на полицајците
На местото веднаш биле испратени полициски службеници од Полициската станица Драчево, Единицата за интервентна полиција и куче трагач, по што Р.С. набрзо била пронајдена во добра здравствена состојба и вратена кај сопругот, соопшти МВР.
Педесет и четиригодишната Р.С. од Скопје, која се изгубила на планината Китка, пронајдена е од полицијата со помош на куче трагач. Жената е во добра здравствена состојба.