ПРОНАЈДЕН ОГРОМЕН ФОСИЛ ОД МОРСКИ ЗМЕЈ Живеел во времето на диносаурусите

За првпат на Земјата овие суштества се појавиле пред 250 милиони години. Нивниот скелет има 10, а целото тело и до 25 метри. Гледани отстрана тие потсетувале на делфини. Нивниот век траел цели 160 милиони години, а потоа изумреле. Тие исчезнале пред диносаурусите и големиот астероид кој ја удрил нашата планета пред околу 66 милиони години.

819

Огромен праисториски „морски змеј“ откриен во местото Мидлендс е едно од најголемите откритија во историјата на британската палеонтологија, пишува Гардијан. Ихтиосаурот, според зборот ихтис што на грачки значи риба, е стар околу 180 милиони години со скелет со должина од околу 10 метри и череп тежок околу еден тон. Тој е најстариот пронајден фосил во Велика Британија.

 






Првите ихтиосауруси ги открила Мери Анинг уште во 19 век. Тие биле наречени морски змејови поради огромните заби и очи. А, за првпат на Земјата овие суштества се појавиле пред 250 милиони години. Нивниот скелет има 10, а целото тело и до 25 метри. Гледани отстрана тие потсетувале на делфини. Нивниот век траел цели 160 милиони години, а потоа изумреле. Тие исчезнале пред диносаурусите и големиот астероид кој ја удрил нашата планета пред околу 66 милиони години.

Во 1970-тите два нецелосни и многу помали ихтиосауруси беа пронајдени за време на изградбата на Ратланд Вотер, но последното откритие е првиот целосен скелет.

– Ретко се случуваме да сме одговорни за безбедно подигнување на многу важен, но многу кревок фосил со толку тежина. Тоа е одговорност, но јас сакам предизвик. Направивме сложена операција за безбедно откривање, снимање и собирање на овој важен примерок – рече Најџел Ларкин, специјалист и палеонтолошки конзерватор.

Поврзани содржини