ПРОНАЈДЕН МРТОВ СО ПРОСТРЕЛНА РАНА Беше актер во светски познатата серија (ФОТО)

Полицијата за ТМЗ изјави дека ја истражуваат неговата смрт како можно самоубиство.

953

Актерот Мозес Џеј Мозли е пронајден мртов, а како причина за смртта се наведува рана од куршум од огнено оружје. Според извештаите на кои се повикуваат странските медиуми, органите на редот го истражуваат ова како можно самоубиство.

Публиката го знае како зомби од серијата „The Walking Dead“.






Мозли (31) е пронајден во областа Хадсон Бриџ во Стокбриџ, град на периферијата на Атланта, изјави неговото семејство за ТМЗ, додавајќи дека тој починал од прострелна рана. Полицијата за ТМЗ изјави дека ја истражуваат неговата смрт како можно самоубиство.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Moses J.Moseley (@mosesmoseley)

Семејството и роднините изјавија дека не се слушнале со актерот од 23 јануари. Во средата поднеле пријава за исчезнување, пренесува ТМЗ.

Потоа стапиле во контакт со компанијата за обезбедување на автомобили „ОнСтар“, која го следела неговото возило до местото каде што тој ден било пронајдено неговото тело.

Неговата портпаролка Табита Минчев изјавила за TheWrap:

„Тој не беше само мој клиент. Ние сме најдобри пријатели 10 години. Тој беше на мојата свадба. Сите кои некогаш го сретнале го сакаа, никој никогаш немаше ништо негативно да каже за него. Кога беше во близина, сите беа толку среќни. Тој ги направи сите среќни. Сите се обидуваме да откриеме зошто го направи тоа.“

Мозез, кој се појавуваше во хит серијата од 2012 до 2015 година, редовно ги користеше социјалните мрежи за да комуницира со обожавателите и да споделува инспиративни цитати.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Moses J.Moseley (@mosesmoseley)

„Најмоќни сте кога ќе одлучите да се чувствувате добро без причина“, напишал тој на Фејсбук на 13 јануари.

На 21 јануари актерот ја објави својата последна објава на Инстаграм.

„Доцнам, но еве го мојот предизвик од 10 години. #10yearchallenge #instagood“, напишал тој со две фотографии од себе, една од минатото и една од сегашноста. Следниот ден ги замолил своите придружници да им честитаат роденден на мајка му и татко му.

Мозили е роден во Ајкен, Јужна Каролина, а на 23 декември го прослави својот 31-ви роденден. Тој учел во средното училиште Џонсборо и студирал кривично право на Државниот универзитет во Џорџија од 2010 до 2016 година, според неговата страница на Фејсбук.

ФОТО: Инстаграм

 

Поврзани содржини