Пронајден мртов рускиот доктор кој го лечеше Навални по труењето
Првите извештаи велат дека крвниот притисок на д-р Сергеј Максимишин, одеднаш му се зголемил и дека починал од срцев удар,
Рускиот доктор кој го лечеше Алексеј Навални од труење со „новичек“ е пронајден мртов по ненадеен срцев удар. Доктор Сергеј Максимишин, како што објави британскиот веник „Сан“ бил одговорен за интензивната нега во болницата во Омск, каде што беше однесен лидерот на опозицијата откако се разболе по пиење кафе на аеродром во Москва.
Болницата во Омск и руските власти остро негираа дека Навални покажал знаци на труење со нервни агенси. Тоа е откриено во Германија каде што беше пренесен на лекување.
Максимишин починал на одделот за интензивна нега каде што Навални се наоѓаше на лекување, но властите денес негираа дека тој добил ковид-19.
– Првите извештаи велат дека крвниот притисок одеднаш му се зголемил и дека починал од срцев удар, пишува британски „Сан“.
Неговата колешката Марија Морозова, која го видела неделава изјавила дека е „многу неочекувана“.