Пронајден мртов 37-годишен штипјанец

385

Триесет и осумгодишен штипјанец е пронајден мртов во близина на штипското село Чардаклија. Во соопштениоето на СВР-Штип се вели дека синоќа  во 23:41 часот во СВР Штип било пријавено оти во место викано Манастирче, атар на село Чардаклија, штипско, бил пронајден починат 38-годишниот  М.Е. од Штип.

„Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, а увид извршила екипа од СВР Штип“, се наведува во соопштението од СВР-Штип.






По насоки на јавен обвинител телото на починатото лице е предадено за обдукција, по што ќе се утврди дали станува збор за насилна или станува збор за природна смрт или пак за несреќен случај.

Поврзани содржини