ПРОНАЈДЕН Е МРТОВ 60-ГОДИШЕН МАЖ ВО ВОЗИЛО ОД ГРАДСКИ ПРЕВОЗ ВО ВЕЛЕС Нема траги од насилство
Како што информира денеска портпаролот на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес.
Во Секторот за внатрешни работи Велес, вчера утрото во 06:40 часот било пријавено дека во возило на градски превоз во Велес бил пронајден починат 60-годишниот С.С. од Велес.
Како што информира денеска портпаролот на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.