ПРОНАЈДЕН Е „КАСАПОТ ОД БУЧА“? Потполковникот добил благослов од Руската православна црква (ВИДЕО)

Омурбеков бил идентификуван од украинската разузнавачка служба, во соработка со волонтерите од Информнапалм, неформална група која го следи движењето на руските трупи.

6,493

Бројни западни медиуми објавија дека потполковникот Азатбек Омурбеков е „касапот од Буча“, односно одговорниот руски офицер, кој наводно дал наредба да се пука по цивилното население во украинскиот град Буча.

За злочинот, Омурбеков наводно добил и благослов од Руската православна црква, пишува „Дејли мејл“. Тој е командант на 64. одвоена моторна бригада на руската армија, која беше вклучена во окупацијата на Буча.






Според „Телеграф“, Омурбеков бил идентификуван од украинската разузнавачка служба, во соработка со волонтерите од Информнапалм, неформална група која го следи движењето на руските трупи.

Русија го демантираше учеството на своите војници во масакрот од Буча, наведувајќи дека нејзините единици уредно се повлекле од градот, четири дена по откривањето на убиените цивили.

 

Поврзани содржини