Пронајден е кинескиот новинар кој исчезна додека известуваше за одговорот на кинеските власти на епидемијата на коронавирусот во Вухан, информира негов пријател и открива дека тој е во затвор.
Чен Кјуши, поранешен адвокат кој станал репортер, известувал од болниците во Вухан од 23 јануари и поради неговото ненадејно исчезнување тргна бран критики кон кинеската влада дека почнала лов на новинари.
Кинеските власти не откриле каде се наоѓа ни како е здравствено, но неговата мајка по неговото исчезнување изјавила дека е во присилен карантин. Пријателот на Чен и мајстор на мешовити боречки вештини Ху Хиаодонг во живо на ЈуТуб раскажа дека Чен е со добро здравје, но сѐ уште под надзор на власта во покраината Шандонг, и покрај ветувањата на власта дека нема казнено да го гони.
Ху изјавил дека власта порачала дека засега нема да биде подигнато обвинение, откако истрагата во Кина, Хонг Конг и во Јапонија покажала дека Кјуши не се обидел да провоцира ниту бил во контакт со опозициски групи во странство.