ПРОНАЈДЕН „ЧОВЕК СО ТОГА“, НАЈГОЛЕМА СТАТУА ОД ОВОЈ ТИП Вредни работи се кријат во гостиварското село Равен.
Локалните жители го чистеле изворот во близина на калето и сосема неочекувано наишле на поголем камен. Откако дојдоа надлежните од Општина Гостивар било констатирано дека се работи за уште едно вредно археолошко откритие од овој крај, објави ТВ21.
Вредно откритие во гостиварското село Равен. Во месноста Каја, близу изворот, откриена е уникатна статуа – човек со тога, која е најголемата од овој тип во Македонија и прва без глава. Овој древен артефакт ја привлекува вниманието на археолозите и истражувачите, отварајќи нови прашања за историјата на регионот, пренесува ТВ21.
Локалните жители го чистеле изворот во близина на калето и сосема неочекувано наишле на поголем камен. Откако дојдоа надлежните од Општина Гостивар било констатирано дека се работи за уште едно вредно археолошко откритие од овој крај.
Сега статуата се наоѓа во Конзерваторскиот центар во Гостивар. Директорот на центарот Цветко Новаковски вели дека статуа со ваква големина до сега не е пронајдена во Македонија.
– Статуи од овој тип, маж облечен во тога, се пронајдени во Аполонија и Бутринт, Албанија. Тие главно беа поставени на јавни места – изјави Новаковски.
Во атарот на селото Равен и досега беа пронаоѓани вредни археолошки предмети. Некои од топонимите на селото се „кале“, „црква“ и „манастир“.