ПРОНАЈДЕН ЧОВЕЧКИ ТРУП Починатиот е пронајден на местото Капалиште на Треска
Јавен обвинител издаде наредба телото да биде предадено за обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, информира полицијата.
Човечки труп е пронајден вчера во атарот на кичевското село Вранештица, по течението на реката Треска, кај месноста „Капалиште”, соопшти СВР Охрид.
Извршен е увид на местото од полициски и медицински екипи, а Јавен обвинител издаде наредба телото да биде предадено за обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, информира полицијата.