Пронајден човечки череп покрај карпа на патот кон „Јасен“

526

Oколу 19 часот вчера, полициски службеници од СВР Скопје при вршење обиколка на место викано „Осој“, атар на селото Чајлане, покрај карпата во каменоломот кој се наоѓа на патот кон резерватот „Јасен“ пронашле човечки череп.

На 16.05.2020 од увидна екипа од СВР Скопје, во присуство на јавен обвинител и лекар од Институтот за судска медицина и криминалистика бил извршен увид на местото на настанот, а телото било ископано,
подигнато и предадено за обдукција.

Поврзани содржини