ПРОМОВИРАН „TEATRO“ ВО ВАТИКАН Италијански превод на одбрани драми на Горан Стефановски

Амбасадорката Ефремова во своето обраќање се осврна на значењето на македонската литература и делото на Горан Стефановски, како еден од најистакнатите македонски драматурзи и автори на современата писателска генерација.

1,204

Во Амбасадата на Македонија при Светата Столица вчера се одржа прием во пресрет на новогодишните и божиќните празници, на кој беше промовирам италијанскиот превод на одбрани драми од Горан Стефановски, под наслов „Teatro“, на иницијатива на кураторот на преводот, Ана Стефановска.

Амбасадорката Ефремова во своето обраќање се осврна на значењето на македонската литература и делото на Горан Стефановски, како еден од најистакнатите македонски драматурзи и автори на современата писателска генерација.






Презентација одржа преведувачот Ана Стефановска, која покрај сижето на целокупниот творечки опус на Горан Стефановски, презентираше и кратки апстракти за секоја од седумте селектирани драми во преводот.

Обраќање имаше и Фауста Сперанца, реномиран писател и новинар на Радио Ватикан, која даде свој осврт кон значењето на Стефановски како реномиран македонски автор, не само во промовирањето на македонската култура, туку и во развивањето на интеркултурните и транс културалните врски надвор од земјата. Таа изрази надеж дека преводот на италијански јазик на делата на Стефановски значително ќе придонесе во насока на стимулирање на активности од овој вид.

Поврзани содржини