Промоција на краткиот документарец „Овчеполско оро“, филм за народните ора и носии (ФОТО)
Претставувањето и прикажувањето на соработката на Ансамбл „Македонија“ и Продукција „Аристон“ ќе започне од 18 часот во Порта „Македонија“ во Скопје.
Промоција на краткиот документарен филм „Овчеполско оро“ ќе се одржи в четврток во Порта „Македонија“. Филмот е снимен со цел да се зачува споменот за народните ора и народните носии од Овчеполскиот регион.
Како што е наведено во соопштението, претставувањето и прикажувањето на соработката на Ансамбл „Македонија“ и Продукција „Аристон“ ќе започне од 18 часот во Порта „Македонија“ во Скопје.
На настанот ќе говорат проф. д-р Владимир Јаневски и м-р Никола Ристевски.
„Поради работа со намален капацитет, настанот се одржува според официјалните протоколи, а бројот на присутни е ограничен“, се вели во соопштението.