ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „СКОПЈЕ 2014 … И ПОТОА“ ОД ЗЛАТКО ТЕОДОСИЕВСКИ Поминаа 10 години од славниот „проект“ и од „револуцијата“ која сакаше да раскрсти со него

427

Книгата „Скопје 2014… и потоа“ од Златко Теодосиевски ќе биде промовирана на 3. јуни. 2025 година од 12 часот во Салон Империјал 1 во Културно информативниот центар – Скопје.

За книгата ќе зборуваат Никос Чаусидис и Бранко Героски.






Златко Теодосиевски е историчар на уметност, критичар и публицист, автор е на повеќе книги од областа на ликовната уметност и културата („Илија Кочовски – сликар на тишината“, „Жарко Јакимовски, монографија“, „Сашо Саздовски, монографија“, „Пандора Саздовска, монографија“„(Само)заробена култура“, „Време на изгубени илузии“, „Пролегомена за македонската фотографија“, том 1-4 и др.)

Во 2024 година се навршија полни десет години од „проектот“ со славно име „Скопје 2014“, а изминуваат безмалку еднакво толку години и од времето на т.н. „Шарена револуција“ којашто, меѓу другото, инсистираше на конечна разврска со овој „проект“, особено поради неговата анахроност, хаотичност, криминогеност, противзаконска позадина, неговата анти-историчност и квазиестетичност итн. Спомнатите години едновремено сведочат и на приближно толку долгиот период од ветувањата на една политичка партија дека го разбира народниот гнев против „Скопје 2014“ и дека дефинитивно ќе расчисти со „проектот“.

Промоцијата ќе биде проследена со фотографии од „Скопје 2014“ од Александар Кондев.

 

Поврзани содржини