Промоција на кандидатите и програмата на ГДУ – граѓанинот пред политичкиот естаблишмент

Претседателот на Граѓанско-демократската унија, Петар Колев, ги пукна надуваните балони  симболично со боцки на еж, партискиот симбол за борецот кој ги јаде змиите што се протнале на македонската политичка сцена.

577

Со гласно пукање на неколку надувани балони, брендирани со логоата на таканаречените „големи“ политички партии, Граѓанско-демократската унија (ГДУ), денеска, во Градскиот парк во Скопје го откри нејзиниот слоган за Парламентарните избори 2020 „Граѓанинот против мафијата“.

Претседателот на Граѓанско-демократската унија, Петар Колев, ги пукна надуваните балони  симболично со боцки на еж, партискиот симбол за борецот кој ги јаде змиите што се протнале на македонската политичка сцена.






Со политичкиот перформанс исполнет со повеќе симболи, Граѓанско-демократската унија испрати порака до сите искусни политичари дека нивното време одминува и дека на македонската политичка сцена се појавуваат нов вид политичари, млади и автентично искрени двигатели кои имаат една цел – целосен ресет на нефункционалниот систем во кој живееме.

– Ќе предизвикаме промена во општеството преку личен пример. И она што еден индивидуалец сам ќе го започне, група индивидуалци ќе го завршат како процес на промена. Затоа што нашата цел не е власта сама по себе! Нашата цел е фундаментална промена на општеството кое го разбираме како заедница на слободни и одговорни индивидуи, суверени и еднакви пред Уставот и Законите на Македонија. Нашата цел е промена на нефункционалниот систем. Нема да отстапиме додека не го ставиме поединецот пред политичкиот естаблишмент! Ние сме ентузијасти кои веруваат во иднината на Македонија. Веруваме дека нашите деца заслужуваат иднина во Македонија, дека дома треба да живеат во добросостојба – изјави претседателот на ГДУ, Колев.

Споредувајќи ги самонаречените „големи“ партии со „големи надуени балони“ што кога ќе ги издишете, немаат содржина, Колев најави дека во ГДУ очекуваат најголемите сојузници да им бидат токму граѓаните кои цврсто веруваат во слободата на поединецот, во неприкосновените права на секој граѓанин во Македонија да биде тоа што е и да живее според своите убедувања.

Според Изборната програма, ГДУ ќе инсистира на промена на постојниот изборен модел со пропорционален модел со отворени листи и една изборна единица на територијата на Македонија. Намалување на бројот на пратеници на 90, како и реорганизација и рационализација на администрацијата, односно намалување на бројот на министри на 15, намалување на бројот на советници, на агенции и вработени административци… Во делот на фискалната децентрализација, партијата предлага распределба на приходите од персоналниот данок да биде во однос 50:50 меѓу Централниот буџет и локалните власти. Во образованието предлагаат намален број часови за децата и помалку ученици во една паралелка, како и зголемување на платите на наставниците на ниво повисоко од републичкиот просек. Подигнување на квалитетот на здравството преку инвестирање во регионалните болници Велес, Штип, Струмица, Битола и Прилеп за да се намали јазот меѓу примарните и секундарните здравствени услуги, како и воспоставување систем со „Задолжителен пакет“ и „Дополнителен пакет“ за осигурениците во Фондот за здравство.

Носителите на листи во петте изборни единици се: Ана Глигорова од здружението „Движење на слободни граѓани“, кое е коалициски партнер во ИЕ 1, д-р Енсер Јусуфоски во ИЕ 2, Петар Колев во ИЕ 3, Добре Митрев во ИЕ4 и Даниел Јорданоски претседател на ГДУ – Охрид во ИЕ 5.

Претседателот на ГДУ Колев ги повика сите граѓани да им се придружат во мисијата и на денот на гласањето да бидат ежот што ќе им се спротивстави на змиите!

Поврзани содржини