ПРОМЕТОТ НА УСЛУГИТЕ ВО ВТОРОТО ТРИМЕСЕЧЈЕ E ЗГОЛЕМЕН ЗА 3,5% Највисок раст има кај административните и кај угостителските услуги

Растот во секторот „административни и помошни услужни дејности“ од 6,8 %, а во секторот „објекти за сместување и сервисни дејности со храна“ е од 6,6 %.

38

Прометот од продажбата на услугите е зголемен за 3,5 % во второто тримесечје од 2025 година во однос на истото тримесечје од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.

Во второто тримесечје од 2025 година, во однос на истото тримесечје од 2024 година, зголемување на прометот во услугите се забележува во сите сектори, најголемо е во секторот „административни и помошни услужни дејности“ од 6,8 %, а потоа следи секторот „објекти за сместување и сервисни дејности со храна“ од 6,6 %.

Поврзани содржини