ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ Температурата во јужните делови ќе достигне 16 степени
Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од - 2 до 16 степени.
Денеска нѐ очекува сончево со мала локална облачност која кон крајот на денот ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од – 5 степени во Берово до 1 во Охрид, а максималните дневни од 10 во Маврово и 17 Целзиусови степени во Гевгелија.
Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од – 2 до 16 степени.
В петок времето ќе биде сончево со умерена облачност и релативно топло. Ќе дува умерен, а наместа во источните делови повремено засилен ветер од јужен правец.
Минималните утрински температури благо ќе опаѓаат и ќе се движат од 0 степени до 7 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 10 степени до 17 степени.
За време на викендот в сабота нѐ очеквуа променливо облачно и релативно топло. Ќе дува умерен, а во источните делови повремено засилен ветер од јужен правец. Додека в недела променливо облачно, попладне со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од јужен правец.