ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ Температурата во јужните делови ќе достигне 14 степени
Во Скопје времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а температурата ќе се движи во интервал од 4 до 13 степени.
Времето денеска во претпладневните часови ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе падне до -1 степен во Маврово и 0 степени во Берово, а максималната дневна температура ќе изнесува од 3 до 14 степени, информираат од УХМР.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи во интервал од 4 до 13 степени.