Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Утринската температура ќе се движи од нула до 7, а дневната од  4 до 16 степени.

309

Времето во земјава ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините врнежи од снег, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од нула до 7, а дневната од  4 до 16 степени.






Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 4, а дневната ќе достигне до 12 степени.

Под влијание на влажен и студен воздушен бран во среда ќе има врнежи од дожд, на места ќе бидат обилни (над 25 л/м2), а на планините снег. Поради заладувањето и спуштање на температурите од 10 до 15 степени врнежи од снег ќе има и во некои пониски места, каде што ќе се формира снежна покривка.

Во четврток и петок ќе настапи стабилизирање на времето, но минималните температури во поголемиот дел од земјава ќе бидат под нулата.

Поврзани содржини