Променливо облачно со пороен дожд и грмежи

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи особено претпладне. Ќе дува умерен, а попладне засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 23 степени.

368

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а попладне засилен ветер претежно од северозападен правец, особено вдолж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 28 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи особено претпладне. Ќе дува умерен, а попладне засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 23 степени.






Утре и во недела во поголем дел од денот ќе биде стабилно, а нови пообилни врнежи се очекуваат во првите два дена од следната седмица. Температурата ќе биде во постепено благо опаѓање.

Поврзани содржини