ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО СО ДОЖД И СНЕГ Температурата ќе достигне до 12 степени

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во утринските часови со слаба магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

750

Времето ќе биде променливо облачно, во западните делови на планините и на повисоките места со повремен снег, а во пониските од дожд и снег. По одделни котлини ќе има појава на слаба утринска магла. Кон крајот на денот и во источните делови ќе има повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен северозападен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.






Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во утринските часови со слаба магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Утрово најстудено утрово е во Берово со -10 и во Скопје и Битола со -8. Во Крива Паланка, Демир Капија, Струмица се измерени -7, во Тетово, Прилеп, Штип, Куманово -6, Гевгелија -5, во Охрид, Крушево, Дојран, и Попова Шапка -2, а во Маврово -1.

Висината на снежната покривка на Попова Шапка е 36 сантиметри, во Маврово 13, а во Крушево 7.

 

Поврзани содржини