ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО Локално ќе има пороен дожд и грмежи

Во Скопје, променливо облачно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 29 степени.

540

Времето во земјава ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Во западните делови ќе дува засилен ветер од западен и југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени.






УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, променливо облачно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 29 степени.

 

Поврзани содржини