ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО И ТОПЛО Од понеделник нè очекуваат повремени врнежи дожд
Под влијание на серија влажни бранови во текот на работната седмица ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а на повисоките планини ќе врне снег. Дневната температура од понеделник ќе биде во опаѓање.
Времето ќе биде променливо облачно и релативно топло. Кон крајот на денот во западните и северните делови ќе има врнежи од дожд кои ќе продолжат и ќе се прошират преку ноќта, а локално ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (на повеќе места со брзина над 60 км/ч). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје променливо облачно и релативно топло. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Под влијание на серија влажни бранови во текот на работната седмица ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а на повисоките планини ќе врне снег. Дневната температура од понеделник ќе биде во опаѓање.
Денеска е недела. 26 февруари 2023 година, 57-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 308 дена.
Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 15 минути, а ќе зајде во 17 часот и 19 минути.
Денов трае 11 часа и 4 минути.
Месечината која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во 9 часот и 23 минути и нема да зајде ова деноноќие.