ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО Еве каде денеска ќе врне дожд

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 25 степени.

1,511

Времето во државава денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во југозападните делови ќе има појава на локален дожд со ретки грмежи.

Ќе дува слаб до умерен, а во североисточните делови краткотрајно засилен североисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени. УВ индексот ќе биде 6.






Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Синоптичарите за утре прогнозираат повремен локален дожд со ретки грмежи, претежно во југозападните делови. Во деновите потоа ќе биде малку до умерено облачно. Од утре ќе дува и слаб до умерен, а на места краткотрајно засилен ветер најчесто од североисточен правец.

Поврзани содржини