ПРОМЕНАТА ВО ЦЕНТАР Е НЕИЗБЕЖНА За 14 дена заедно ќе славиме голема победа, порача Лабудовиќ

Потврдено е опозициското расположение против локалната власт предводена од СДСМ. Резултатите од првиот круг покажаа дека сите опозициски гласови се гласови против Герасимовски и неговото неработење, вели кандидатот на ЗНАМ за градоначалник на Центар, Мирослав Лабудовиќ.

543

Ви благодарам за огромната поддршка што ми ја дадовте во првиот круг на изборите за градоначалник на нашата општина. Центарци јасно ја покажаа насоката во која сакаат да се движи општината, порача денеска кандидатот на ЗНАМ за градоначалник на Центар, Мирослав Лабудовиќ.

– Потврдено е опозициското расположение против локалната власт предводена од СДСМ. Одиме понатаму – од утре продолжуваме со нашата приказна за подобар Центар. Резултатите од првиот круг покажаа дека сите опозициски гласови се гласови против Герасимовски и неговото неработење. Сите кои сакаат промени, ред, развој и чесно управување, обединети се на истата страна – страната на народот, страната на Центар – порача Лабудовиќ.






Од срце им се заблагодарувам на сите граѓани кои гласаа за промена, на членовите, поддржувачите и симпатизерите на ЗНАМ, како и на раководството, членовите и поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ за искрената и отворена поддршка во оваа заедничка борба, додаде тој.

– Ова не е борба на партии, ова е борба на граѓаните против корупцијата, бетонизацијата и ароганцијата на власта во Центар! Во вториот круг се почнува од 0:0. Сега е моментот кога уште повеќе треба да сме сите обединети и решителни. За 14 дена – заедно ќе славиме голема победа – порача Лабудовиќ.

 

Поврзани содржини