ПРОМЕНАТА НА РЕЖИМОТ Е ДОБРЕДОЈДЕНА, НО НЕ Е ГЛАВНА ЦЕЛ Џеј-Ди Венс за воената акција на САД против Иран

Главната цел на Трамп, рече Венс, е да се осигура дека Иран никогаш нема да се здобие со нуклеарно оружје, без оглед на тоа кој е на власт.

0

Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс во интервју за Фокс њуз објавено вчера рече дека „во совршен свет“ САД би поздравиле лидер во Техеран кој е подготвен да соработува со Вашингтон, но главната цел на Трамп е да се осигура дека Иран никогаш нема да се здобие со нуклеарно оружје, без оглед на тоа кој е на власт.

– Што и да се случи со режимот во една или друга форма, тоа е споредно со примарната цел на претседателот тука, а тоа е да се осигура дека иранскиот терористички режим нема да изгради нуклеарна бомба. Очигледно, претседателот и јас би претпочитале да имате пријателски режим во Иран… но фундаментално, сè додека ја постигнеме целта на претседателот да стави до знаење дека Иран не може да ја изгради бомбата, мислам дека претседателот ќе биде задоволен од исходот – рече Венс.






Во својата прва видео порака по израелските и американските напади врз Иран во саботата, Трамп ги повика Иранците да ја преземат контролата врз својата влада.

Државниот секретар, Марко Рубио, вчера ја нагласи разликата помеѓу секундарните желби на американската администрација и конкретните цели на нејзините операции. Иако промената на раководството во Иран може да биде добредојдена, приоритет е да се обезбеди дека оној кој ќе владее во наредната година нема да поседува беспилотни летала или балистички ракети.

Поврзани содржини