ПРОМЕНАТА ЌЕ ДОЈДЕ ВО ТЕТОВО Мурсели кандидатот на албанската опозиција повика на гласање што помасовно

Ги поздравувам граѓаните, излезете што е можно помасовно и гласајте за промени. Очигледно е дека граѓаните сакаат промената и верувам дека промената ќе дојде , рече Мурсели.

617

Кандидатот на албанската опозиција за Општина Тетово, Вулнет Мурсели откако го искористи правото на глас, ги повика граѓаните што помасовно да излезат на гласање. Тој изрази убедување дека промената ќе дојде во Тетово, бидејќи како што вели, ова е тоа што го сакаат граѓаните.

„Ги поздравувам граѓаните, излезете што е можно помасовно и гласајте за промени. Очигледно е дека граѓаните сакаат промената и верувам дека промената ќе дојде “, рече Мурсели.

Поврзани содржини