ПРОМЕНА ВО РАКОВОДСТВОТО НА ССК Ромео Костадинов е нов потпретседател

На досегашната потпретседателка Габриела Кулебанова ѝ завршил мандатот.

109

Сојузот на стопански комори на Македонија го избра Ромео Костадинов за нов потпретседател на Сојузот на комори. Тој доаѓа на местото на Габриела Кулебанова на која  ѝ заврши мандатот, информира Сојузот на стопански комори.

Костадинов е претседател на Комората на сметководители, финансиери и даночни советници, која е дел од Сојузот на стопански комори.






– Со повеќе од 30 години работно искуство во овие области, како и менаџерското искуство во раководење на компанијата Еуро Консалт Плус, друштво за економско правен консалтинг од областа на финансии, сметководство и даночна проблематика, Костадинов своето искуство ќе го пренесе и во понатамошното успешно работење на Сојузот на стопански комори на Македонија, застапувајќи ги интересите на сите стопански субјекти членови на комората – Велат од ССК.

На потпретседателските места остануваат  Горан Ѓорѓиевски, Орце Симов, Сашо Дукоски, Тања Дејановска и Михаил Кирков.

Сојузот на стопански комори на Македонија е најголема независна деловна организација во Македонија со 35 стопански комори кои членуваат во Сојузот и над 30 групации, здруженија и асоцијации.

Поврзани содржини